1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Монетарната унија може да пропадне“

Жанг Данхонг / Превод: Е.М.Фиданоска27 декември 2012

Земјите од еврозоната се‘ уште не се подготвени за голем чекор кон интеграција. Економскиот експерт Вим Кестерс смета дека од решавачко значење е прво да се постигне согласност за регулативата која ќе поврзува.

https://p.dw.com/p/179aH
Фотографија: Julica Bracht/RWI

ДВ: Господине Кестерс, често се вели дека немањето политичка унија предизвикало грешка при раѓањето на еврото. Со месеци се работеше на концепт кој треба да ја отстрани таа грешка. Идеи има доволно - од заеднички министер за финансии на земјите кои се дел во монетарната унија, до заеднички буџет на еврозоната. Од сето тоа не остана ништо на самитот на средината од декември. Дали идејата за политичка унија пропадна?

Вим Кестерс: Тешко е да се договара политичка унија сега, кога се прекршени важните правила од минатото, кои создаваа основа за рудиментарна политичка унија, како на пример, клаузулата која исклучува гарантирање од страна на ЕУ и на нејзините земји членки за другите држави членки или Пактот за стабилност и пораст. Со тоа се покажа дека не се сака Устав за ЕУ. Оттука, тешко е сега да се договори политичка унија во Европа. За тоа нема согласност од мнозинството граѓани и настојувањето мора да се третира како пропаднато. Дали европски министер за финансии е решение за кризата? Не верувам. Претходно мора да се постигне согласност околу тоа што би биле неговите задачи. Дали тој би бил ориентиран кон правила, или би носел одлуки од случај до случај, како што на пример бара Франција. Пред да се постигне согласност околу овие работи бесмислено е да се воведува таква институција.

ДВ: Неспорно е дека е потребен европски банкарски надзор. Дел од експертите сметаат меѓутоа дека е проблематично ако Европската централна банка го преземе надзорот. Претседателот на Ифо-институтот Ханс-Вернер Зин ваквиот план го искоментира со реченицата: „Тоа е како на продавачот на ’канта-автомобил’ да му дадете право самиот да си издава плакета дека возилото е технички исправно.“ Дали навистина претстои опасност ЕЦБ да се претвори во трговец со стари автомобили?

Вим Кестерс: Многу е проблематично на ЕЦБ да и‘ се предаде и одговорноста за надзор на банките. Зашто таа тогаш ќе мора да им случи на двајца господари. Ако банките се најдат во кризна ситуација ЕЦБ ќе мора да размислува - дали семам сега да ги зголемата каматите, што би морало да се стори за да се задржи стабилноста на цените? Но, тогаш банките ќе банкротираат. Затоа мора да се најде решение кое стриктно ќе ги дели надзорната фуникција на ЕЦБ од функцијата на монетарна политика. Дали тоа ќе успее е прашање.

ДВ: Како економист сте познат по тоа што барате придржување од правилата. Кога станува збор за правила за претпријатијата тоа е така, но кога станува збор за тоа владите да се доведат до тоа да се придржуваат до правилата, секој обид за врзување кон правилата пропаѓа. Дали тоа од политички аспект е невозможно?

Вим Кестерс: Во Германија тоа врзување е во најголем дел успешно. Но, кога учествуваат повеќе земји, станува потешко. Тоа е проблем што го имаме во Европа. Без ефикасно придружување од правила, меѓутоа, монетарната унија ќе пропадне. Така и еврото еден ден веќе нема да може да опстои.

ДВ: Црвените линии траат само по неколку недели, или денови. Кога станува збор за придржување до правила изгледите се прилично мрачни.

Вим Кестерс: Навистина е така. Тука сте во право, со придржувањето до правила досега не одеше како што треба. Сега можеби се извлекуваат поуки од кризите. Јас се надевам дека европските држави согледуваат дека кризата настана во голем дел поради тоа што немаше придржување до правилата и дека ќе се свестат и ќе речат - мора да се придржуваме до правила зашто во спротивно ќе се распадне монетарната унија. Таа опасност е реална.

ДВ: Сметате ли дека тоа така го имаат сфатено и политичарите?

Вим Кестерс: Во тоа се сомневам. Затоа не може да се биде сигурен дека монетарната унија ќе постои и во иднина. Затоа и постои опасност монетарната унија дефинитивно да пропадне.