1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Молитва пред Ѕидот на плачот

12 мај 2009

Папата Бенедикт 16-ти денеска (12.09.2009) ја продолжува посетата на Израел. Вториот ден од неговиот престој во Ерусалим е целосно во знакот на посетата на светите места во градот.

https://p.dw.com/p/HoLb
Папата Бенедикт 16-ти во пукантините на Ѕидот на плачот остави ливчеФотографија: AP

Папата Бенедикт шеснаесетти се молеше пред Ѕидот на плачот на латински јазик. Пред Господ ги принесува надежите, радоста и копнежот, но и страдањето на сите народи, рече поглаварот на римо-католичката црква во својата молитва. Потоа, според изрелскиот обичај, им се обрати на господ, на Абрахам, Исак и Јаков и се помоли за мир во Светата земја, мир на Блискиот исток и за целото човештво. Тој му се помоли да Гопод да ги придвижи срцата на сите верници, за понизно да одат по патот на праведноста и сочувството. По неговата молитва, Бенедикт во пукнатините меѓу камењата на храмот стар 2000 години, остави ливче, најверојатно со текстот на молитвата.

Претходно, Бенедикт 16 ја посети Златната џамија, третото по важност светилиште во исламската вера. Според муслиманскиот обичај, папата претходно ги соблече чевлите. Златната џамија, инаку, се наоѓа на местото каде што пророкот Мохамед тргнал на својот ноќен пат кон небото, според исламската вера. Папата, во присуство на големиот муфтија од Ерусалим, Мохамед Хусеин, во своето обраќање рече дека на ова место се спојуваат патиштата на трите големи монотеистички религии, што потсетува на заедничките елементи на христијанството, еврејството и исламот.

Papst Benedikt mit Rabbinern in Israel an der Holocaust Gedenkstätte Jad Vashem
Папата Бенедикт 16-ти во разговор со рабини во меморијалниот центар „Јад Вашем“Фотографија: AP

Темите холокауст и антисемитизам - високо на агендата на папата за време на неговата посета на Израел

Бенедикт 16-ти, престојот во Ерусалим го почна со посета на Меморијалниот центар „Јад Вашем“. Тој најде јасни зборови уште кога пристигна на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив. Голема несреќа е што антисемитизмот се’уште наоѓа плодна почва во многу делови на светот. Мора се’ да се стори за да се победи антисемитизмот, каде и да се појави. Добро е што за време на посетата на Израел тој има можност, да им одаде почит на шесте милиони жртви на Шоа. Оваа можност на Папата му се укажа вчера попладне во Меморијалниот центар за жртвите од холокаусотот- Јад Вашем. Заедно со претседателот на Израел, Шимон Перес, повеќе политичари и религиозни лидери, Бенедикт 16 влезе во салата на сеќавањето со вечниот пламен. Откако положи венец, тивко се помоли. Потоа, разговараше со неколку преживеани од Холокасутот, и со не-Евреин, кој спасил Евреи од прогонот на нацистите.

„Името на еден човек не може да му се земе никогаш“

Во неговиот говор Папата истакна: „На соседот може да му се украде неговиот имот, можностите или слободата. Може да се исткае мрежа од лаги, и да се убедат другите, дека одредени групи не заслужуваат респект. Но, на еден човек никогаш не може да му се земе името.“

Имињата на жртвите, подвлече Бенедикт 16, не смеат никогаш да паднат во заборав, не смеат да се негираат нивните страдања, да се намалат или заборават. Католичката црква чувствува тесна поврзаност со жртвите: „Додека ние во тишина исчекуваме, нивниот пискот одекнува во нашите срца. Тоа се пискотници против секаков вид неправедност и насилство. Тоа е спротиставување на пролевањето невина крв“, рече папата, додавајќи: „Никогаш повеќе луѓето не смеат да бидат прогонувани поради нивната раса, боја на кожата или религијата.“

Papst Benedikt XVI. in der Holocaust-Gedenkstätte Yad Vashem
Молитва за жртвите од холокаустотФотографија: AP

Чекор напред или пропуштена шанса?

Претставници на Меморијалниот центар Јад Вашем, говорот на папата го оценија од една страна како „чекор напред“, но Бенедикт од друга страна не ги именуваше сторителите на холокаусотот. Според нив, недостасувале лични зборови на сочувство. Раководителот на центарот, рабинот Мајер Лау вели: „Многу убав говор, делумно и придвижувачки, но, според мое мислење недостасуваа некои точки, и во одреден степен шансата е пропуштена. Германците или нацистите кои ги извршија убиствата не беа споменати. Немаше ниту еден единствен збор за сочувство за страшната трагедија на шест милиони жртви. Недостасуваа дури и зборовите - шест милиони.“

Автор: Ханс Јоаким Визе / Клеменс Ференкоте / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска