1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Може ли Путин да биде соборен од власт и како?

26 март 2022

Путин ги надминува кризите со нивно дополнително ескалирање. И сега во Украина има доволно можности за тоа - ако, на пример, се прошири конфликтот кон Молдавија или балтичките земји, предупредува руски експерт.

https://p.dw.com/p/48wZ3
Kanada Ukraine Krieg Russland Putin Graffiti
Фотографија: Frank Gunn/AP Photo/picture alliance

Недовербата и атмосферата на страв го чуваат Путин. Засега. „Сепак, државниот апарат и безбедносните служби го обвинуваат лично Путин за тоа што се случува“, изјави експертот на руските тајни служби Андреј Солдатов за германскиот магазин Шпигел. „Но, ова сè уште не е вистински чекор кон соборување на режимот“, рече тој. „Тајните служби интензивно го чуваат Путин. И не си веруваат меѓусебе“. Ова го прави практично невозможно создавањето на движење кое би можело да го турне Путин.  Освен тоа, репресијата на претседателот не создаде атмосфера на страв само во редовите на опозицијата. 

Блицкригот не се одржа 

Солдатов е убеден дека рускиот претседател очекувал блицкриг во Украина. Планот, познат само на мал круг луѓе блиски до него, очигледно требаше да ја уништи инфраструктурата на Украина, да го принуди претседателот Зеленски да поднесе оставка, а режимот да биде сменет.  

Бидејќи Путин никогаш не ја призна соседната земја како независна, тој беше уверен дека таа ќе се урне како кула од карти за неколку часа по инвазијата. Воениот експерт, Карло Масала како пример го наведува недостигот на кујни на  теренот. Руските војници гладуваат и дезертираат. Освен тоа, според него, Путин се потпирал на поддршката на делови од украинското население. 

Меѓу ризиците се интервенцијата во Молдавија и нападот на НАТО во Црното Море 

„За жал, Владимир Путин отсекогаш бил познат по тоа што ја надминува секоја криза со дополнително ескалирање“, вели Солдатов. Има доволно можности да се направи тоа сега. Путин би можел да го „поддржи“ режимот на Придњестровје во Република Молдавија, да ги нападне воените бродови на НАТО во Црното Море или да „измисли легенда“ за рускојазичното население во балтичките земји. Сепак, Солдатов нагласи: „Има уште многу, многу фази пред употребата на нуклеарно оружје“. 

Каков ќе биде исходот? Експертите не можат да дадат дефинитивен одговор на ова прашање. Без разлика каков договор ќе направи Путин со Украина, санкциите ќе продолжат на неодредено време, рече Солдатов. Угледот на Русија е уништен на долго време. Специјалистите, особено од ИТ секторот, масовно ќе ја напуштат земјата и многу малку компании за скоро време ќе се вратат. Според Масала, до следната недела ќе биде јасно дали војната оди на ров. Во таков ќор-сокак, војната често станува уште побрутална и жестока. 

Каква ќе биде судбината на Мариупол и Киев? 

Стратешка цел може да биде освојувањето на Одеса и на тој начин да и се нанесе тежок удар на украинската надворешна трговија. Масала го опишува копнениот мост кон Крим како стратешки успех. Доколку пристанишниот град Мариупол не биде заземен, планот најверојатно ќе биде да се срамни со земја. Доколку градот биде уништен, а населението приморано да побегне, украинската војска повеќе нема да има причина да интервенира.

Путин нема доволно војници за да изврши опсада на Киев. А, во главниот град целта е луѓето да бегаат од терор. Ако многу луѓе ја напуштат земјата, тоа ќе го ослаби моралот на Украинците и - според пресметките - и на земјите домаќини. Масала не мисли дека Путин сака да ја анектира цела Украина. 

Ако Белорусија се приклучи на војната 

Масала ги опишува загубите на Русија во Украина како „неверојатно високи“. Протечениот извештај на Министерството за одбрана зборува за 10.000 убиени руски војници. „Ова е повеќе отколку што Советскиот сојуз изгуби во Авганистан“. Според воениот експерт, вреќите со трупови се носат во Белорусија, за да не се предизвика вознемиреност во Русија.

САД обезбедуваат разузнавачки информации во реално време за Украина. „Претпоставувам дека некои тактички совети даваат и некои земји од НАТО“. Сето ова ги намали шансите на Русија за рана победа. 

Што би се случило доколку Белорусија се вклучи во војната? „Ова сигурно нема да биде одлучувачко за војната“, рече Масала. Се шпекулираше дека Белорусија може да интервенира во западна Украина и да се обиде да го затвори кругот на опсадата околу Киев. Но, има гласини за ова уште од почетокот на војната. „Се чини дека во Белорусија нема консензус за ова прашање. 

Karikatur von  Sergey Elkin I Viele ukrainische Städte werden werden zerstört. Der russische Präsident Wladimir Putin trägt dafür volle Verantwortung
Фотографија: DW

Американски дипломат: Безбедносните сили мора да го соборат Путин 

Во коментар за „Ди Велт“, американскиот дипломат Алфред Моузес напиша дека е крајно време да се укаже на вистинскиот виновник и да се повикаат „безбедносните сили“ (руската владејачка елита) да го соборат Путин“. Според Моузес, додека Путин е на власт, Русија ќе остане во Украина и ќе биде присутна воената закана за Молдавија, Грузија, Азербејџан и Ерменија. Дипломатот напиша и дека сите ние - и Украинците и Русите, вклучувајќи ги и руските олигарси и војската - ја плаќаме цената за „империјалистичките амбиции“ на рускиот претседател. 

По наредба на Путин, командантот на надворешната разузнавачка служба на ФСБ беше уапсен заедно со неговиот заменик. По смртта на тројца високи генерали и илјадници руски војници, можни се немири кај руското воено раководство. И ако војната продолжи долго и ако пристигнат повеќе трупови во земјата, антивоените чувства ќе се засилат. 

Внатрешниот удар е веројатно најдобрата шанса навистина да се ослободиме од Путин, смета Моузес. Алтернативата се повеќе бесмислени војни, повеќе жртви, повеќе уништени домови и градови. Накратко: повеќе човечки трагедии, заклучува дипломатот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема