1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Модерен Робин Худ од Брауншвајг

11 март 2012

Анонимниот донатор од Брауншвајг повторно е на сцена - тој на една од народните кујни во градот и‘ подари 10.000 евра, како и секогаш - во плик! Досега донираше 190.000 евра - на градинки, болници, инвалиди...

https://p.dw.com/p/14IzH
Фотографија: dapd

Низ Брауншвајг минува дух, добар дух... кој дарува. Цркви, домови, градинки - пари добива оној кому му се потребни. Дух како богат донатор - целиот град пробува да одгатне за кого се работи:

„Тоа е добар човек кој им помага на слабите во општеството“, претпоставува една жена, а друг нејзин сограѓанин оценува:

„Каде ќе најдете вакво нешто? Луѓе да даваат пари за вакво нешто! Одлично.“

Braunschweig: Altbauten in der Innenstadt
Цел град пробува да одгатне кој е модерниот Робин ХудФотографија: DW

Давањето е поблажено од примањето - стои во Библијата. Тоа е и неговото мото. Алфред Хуге дели јадење на сиромашните. Сега и тој добил плик со пари:

„Сметам дека е многу добро што нашата работа се цени на ваков начин од страна на некого.“

Дај, за да ти се даде! Добриот дух досега донирал 190.000 евра, во банкноти од по 500 евра. Крајот на давањето не е на повидок.

„Ова е нешто сосема различно и многу се надеваме дека ќе има и други следбеници...“, вели свештеникот Ханс-Јирген Копков.

И тоа не само во Брауншвајг.

Автор: Јури Решето / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!