1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Многу помпа , малку конкретни резултати

21 април 2006

Кинескиот претседател Ху Џинтао при првата посета на Белата Куќа беше дочекан со највисоки почести но и гласни протести.

https://p.dw.com/p/Ac7F
Ху Џинтао и Џорџ Буш имаат несогласувања , но пријателски разговараат за нив
Ху Џинтао и Џорџ Буш имаат несогласувања , но пријателски разговараат за нивФотографија: AP

Американскиот претседател Џорџ Буш за време на поздравните говори , побара од Ху , неговата земја да ги почитува човековите права . Двајцата претседатели најнапред заедно со нивните советници за безбедност , зборуваа за атомскиот спор со Иран и Северна Кореја како и за прашањето Тајван. Подоцна во поширок круг на советници , двајцата претседатели разговараа за економските и трговските односи меѓу двете земји.

Два и пол часа , откако кинескиот претседател Ху Џинтао и Џорџ Буш се ракуваа пред Белата Куќа , американскиот претседател на заедничката пресконференција извлече привремен биланс : нема конкретни резултати меѓутоа постои взаемно разбирање.

„Не се согласуваме за се . Но можеме за нашите несогласувања да дискутираме пријателски“

На претседателот Ху Џинтао претходно му беше приредена помпезна и богата поздравна церемонија .

Со музика за марш , националните химни, војнички поздрави и широко развеани знамиња беше дочекан кинескиот претседател во Вашингтон на првата негова официјална посета на САД. Голем почеток , но и подеднакво значајни поздравни зборови на претседателот Буш.

„Ќе зборувам и натаму со претседателот Ху за тоа колку е значајно почитувањето на човековите права. Кина може да биде упште поуспешна кога земјата би ги почитувала религиозната и слободата на мислењето“

Впрочем Буш не исклучи ниту една од проблематичните теми . Пиратеријата. Трговскиот дефицит , кинескиот притисок врз Тајван , човековите права. Но за кинескиот претседател во Вашинготн имаше и уште една незгодна случка . Една демонстрантка , американска од кинеско потекло , која успеала да се добере до новинарска акредитација во Белата Куќа , со гласни извикувања го прекинуваше поздравниот говор на гостинот од Пекинг:

„Господине Буш , запрете го овој човек , запрете ги злоделата – викаше неколку минути додека Ху Џинтао иритиран зборуваше и натаму

Невообичаена ситуација за кинескиот претседател , кој е ненавикнат на јавни протести , но и на новинарски прашања како следново: Кога во Кина ќе има демократија со слободни избори. Сепак тоа не го вознемири претседателот Ху:

„Не знам пшто подразбирате под демократија , но мислиме дека во Кина без демократија ,неможе да има ниту модернизација“

Малку конкретни резултати истотака и во политичките теми. Сеедно дали станува збор за атомската програма на северна Кореја или пак атомскиот спор со Иран . Ништо конкретно освен основнаата заложба Двете земји не смеат да стигнат во посед на атомско оружје.

Меѓутоа ниту збор за тоа дали Кина ќе подржи воведување санкции против Иран во Советот за безбедност или пак дали ќе се согласи некој друг вид посилен притисок врз Техеран.