ММФ и Светска банка дебатираат за економските предизвици
12 октомври 2012Во Токио започна годишното заседание на ММФ и Светска банка. На заседанието учествуваат министрите за финансии и гувернерите на централните банки од целиот свет.
Пет години по почетокот на банкарската криза светскиот финансиски систем и натаму е премногу ранлив, изјави шефицата на ММФ Кристин Лагард на почетокот на тридневната средба. И покрај сиот позитивен напредок неопходните реформи ни од далеку не се завршени, опомена Лагард.
Претседателот на Светска банка Џим Јонг Ким во говорот на отворањето на средбата нагласи дека економската и финансиска нестабилност во Европа им се заканува и на порастот и на работните места во земјите во развој. Тој предупреди во вакви околности да не се заборави борбата против сиромаштијата во светот.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле го критикуваше намалувањето на бонитетот на Шпанија од страна на рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“. Одлуката се базира врз недоразбирање, кое било создадено преку нереални и несоодветни очекувања на финансиските пазари, изјави Шојбле во Токио за време на годишното заседание на ММФ и Светска банка.
Инаку европската должничка криза е една од главните теми на заседанието. Други точки од дневниот ред се очекува да бидат: зголемувањето на државните долгови, неуспехот на многу земји да преземат структурни реформи и бавното темпо на реформи во ММФ, што имаат за цел Фондот да го покаже растечкото влијание врз новопојавените пазарни економии и глобализацијата.