1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ММФ доби дополнителни 430 милијарди долари

ЕМФ/ртр21 април 2012

Европскиот фонд за заштита од кризи во висина од околу илјада милијарда долари, ќе биде дополнет со заштитен механизам на глобално ниво. ММФ доби на располагање дополнителни 430 милијарди долари.

https://p.dw.com/p/14ip9
Фотографија: picture alliance/dpa

На пролетното заседание на Меѓународниот монетарен фонд, постигната е согласност за дополнителни 430 милијарди долари што фондот би ги имал на располагање за помош на земји во криза. Шефицата на ММФ Кристин Лагард изјави дека тие пари би им стоеле на располагање на сите земји членки на ММФ, а не само на Европа. „Тоа е екстремно важно и неопходно, израз на колективната решителност“, оцени Лагард во Вашингтон.

Согласноста за зголемување на средствата за помош е постигната во рамки на групата на 20 -те најважни индустриски земји и земји во забрзан подем и комисијата за управување со средства на ММФ. Средства, покрај европските земји, меѓу другите, ќе дадат и Бразил, Рисија, Индија и Кина, иако се‘ уште е утврден износот со кој тие ќе учествуваат во „чадорот за помош“. САД и Канада нема да учествуваат со пари, поради тоа што сметаат дека ваква акција не е неопходна.

Зголемувањето на средствата на ММФ го поздрави претседателот на Европската централна банка Марио Драги. Тој рече дека е тоа „многу корисно“, особено во однос на пазарите на државни обврзници. Еврокомесарот за монетарни прашања Оли Рен нагласи дека е тоа добра вест за Европа и за светската економија. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, пак, рече дека со оваа одлука „ММФ е во состојба да одговори соодветно на сите предизвици во светот“.