1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Митингот ги подели партиите на македонските Албанци

Свето Тоевски19 октомври 2007

Опозиционите политички партии на Албанците во Македонија се против митингот што го организираат ДПА под мото „Независно Косово,Македонија во НАТО“.ДУИ го откажа најавениот контра-митинг закажан за утре во Тетово

https://p.dw.com/p/BsWg
Тетово,спротивни мислења на партиитеФотографија: Petar Stojanovski

Организирањето на собирот наишло на поддршка од Исламската верска заедница,некои невладини организазии и како што се тврди,здруженијата на студентите на двата тетовски универзитета.Повикот на ДПА и ПДП за учество го отфрлија ДУИ и другите вонпарламентарни опозициони партии во земјата.Партијата на Али Ахмети јавно праша,кому му се обраќа ДПА со митингот.Потпретседателт на ДПА Имер Селмани со одговор:

„Обраќањето е до сите граѓани на Република Македонија,до сите организирани форми на правни субјекти,особено до сите тие што се доведуваат во заблуда,дали да ги поддржат интеграцискте процеси на Република Македонија во НАТО и во ЕУ и до сите тие кои прават дела кои не одат во прилог на независноста на Косово и на рамноправноот членство на Македонија во НАТО.“

ДУИ е против митингот на ДПА и ПДП

Од ДУИ остри одговори,Џевад Адеми:

„Ако мислат дека од Тетовскиот плоштад ќе повлијаат врз Путин,Коштуница и Советот за безбедност,да не се спротиставуваат на независноста на Косово,нека се обидат,но ДУИ собирот го оценува како обична будалаштина.

Шефот на ДУИ Али Ахмети во изјава за Дојче Веле нагласува:

„Мотото под кое тие повикуваат,независно Косово и Македонија во НАТО ,всушност никој не го доведува под знак на прашалник.ДПА со протестите се обидува да ги оправда нерегуларностите што ги направи во Македонија.“