Мисијата на ЕУ на Косово продолжува и покрај одлуката за целосна независност
4 јули 2012Реклама
Ова го потврдија денеска (04.07) од Европската комисија, како одговор на шпекулациите дека со добивањето на целосна независност Косово веќе нема потреба од ЕУ, посебно од мисијата ЕУЛЕКС.
Косово останува приоритет на ЕУ. Многупати сме кажале дека ние имаме јасна европска перспектива, за Косово, но и за целиот регион на Западен Балкан. Европската асистенција и поддршка на Косово продолжуваат преку нашиот специјален преставник кој се наоѓа на чело на канцеларијата на ЕУ во Приштина, како и преку мисијата на ЕУЛЕКС за владење на правото, што е приоритет во оваа земја и затоа сме таму и продолжуваме да функционираме според мандатот, кој неодамна беше продолжен за уште две години, нагласуваат од Комисијата.