1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мировна награда за Лиао Јиву

ЕМФ/дв21 јуни 2012

Германските книгоиздавачи ја доделија мировната награда на кинескиот писател Лиао Јиву, кој дава сведоштва за прекршоците на модерна Кина.

https://p.dw.com/p/15J1w
Фотографија: picture-alliance/dpa

Здружението на Германските книгоиздавачи во Франкфурт соопштија дека писателот Лиао Јуви, кој во Кина е прогонуван, ја добива годинешната мировна награда, која треба да му биде врачена на крајот на Франкфуртскиот саем на книгата во октомври годинава. Педесетиитригодишниот хроничар на животот во модерна Кина со своето семејство живее во Германија, откако минатата година побегна од неговата татковина. Германските книгоиздавачи нагласуваат дека Јиву е писател кој „со моќта на зборот и без страв пишува против политичкото угнетување и на обесправените во неговата земја им дава глас“.

Реномираната културна награда, кој е дотирана со 25.000 евра, се доделува од 1950 година.