1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Мировната мисија на Анан не е со отворен рок“

СН/ЖА/ртр/дпа/ макфакс/афп1 април 2012

Лидерите на земјите и организациите од групата „Пријатели на Сирија“ од средбата во Истанбул упатуваат порака за поддршка на мировната мисија на специјалниот пратеник Кофи Анан.

https://p.dw.com/p/14W6N
Фотографија: Reuters

Во завршното комунике од втората конференција на неформалната група „Пријатели на Сирија“, и‘ се дава полна поддршка на мисијата на заедничкиот пратеник на ОН и на Арапската лига, Кофи Анан за изнаоѓање на мирно решение на кризата во Сирија која трае повеќе од една година.

Во соопштението меѓутоа ќе се истакне дека таа мисија не може да биде оставена со отворени рокови, изјави дипломат кој учествува во составувањето на завршната изјава од конференцијата во Истанбул.

Групата „ Пријатели на Сирија“ во Истанбул треба да го признае опозицискиот Сириски национален совет (SNC) за „единствен (легитимен) претставник на сирискиот народ“, и одлучила да формира работна група за развој на санкции против режимот на претседателот Башар ал-Асад, јавија турските медиуми.

Treffen Freunde von Syrien in Istanbul
Американската државна секретарка Хилари Клинтон и турскиот премиер Реџеп Таип ЕрдоганФотографија: Reuters

Арапски фонд за Слободната сириска армија?

Покрај тоа некои новински агенции повикувајќи се на документот за одлуките од конференцијата во Истанбул јавуваат дека Саудиска Арабија и некои држави од Персискиот залив ќе формираат повеќемилионски во американски долари фонд за финансирање на Војската на слободна Сирија, паравоеното крило на сириската опозиција. Се претпоставува дека овие средства ќе бидат наменети за финансирање на платите на припадниците на Војската на слободна Сирија, дополнува агенцијата.
Со Војската на слободна Сирија командува поранешниот полковник на
сириското воено воздухопловство, Ријад Асад. Таа е формирана од дезертери и
пребегнати војници од сириската војска, а делумно е стационирана на турска
територија.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон во обраќањето на средбата во Истанбул ги повика сириските власти да престанат со воените операции против цивилите, велејќи дека во спротивно Дамаск ризикува да се
соочи со „сериозни последици“.

Клинтон апелира до опозицијата да изготви свој план за мир

Kofi Annan
Заедничкиот пратеник на ОН и на Арапската Лига за Сирија , Кофи АнанФотографија: Reuters

Клинтон изрази сомнежи во сириското прифаќање на мировниот план на
специјалниот пратеник на Обединетите нации и Арапската лига, Кофи Анан.
Американската државна секретарка, исто така, ја повика сириската опозиција
да развие политички план за решавање на ситуацијата во земјата. Таа
соопштила дека САД на сириската граѓанска опозиција ќе и’ обезбедат
комуникациска опрема.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган пак ги обвини властите во Дамаск дека не ги исполниле своите ветувањата. „ Имајќи ја предвид хуманитарната
трагедија во Сирија, време е за акција“, изјави Ердоган на почетокот од конференцијата во Истанбул.
„Не можеме да дозволиме режимот на Асад да го користи ‘планот на Анан’, со
цел да добие во време. Советот за безбедност на ОН е должен да го сопре
владејачкиот режим во Сирија“, дополнил турскиот премиер.