1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Мировен догвор или политички комрпомис“ -пет години по Охридскиот договор

Горан Петрески26 септември 2006

Релаксирањето на меѓуетничките односи, евроинтеграциите и економијата и понатму треба да останат главни приоритети на Македонија смета македонскиот премиер Никола Груевски, кој говореше на конференцијата Охридски рамковен договор пет години потоа – мировен договор или политички компромис. Целта на дводневната средба која е во организација на германската фондација Конрад Аденауер е да се понуди платф

https://p.dw.com/p/Adc0
Скопје
СкопјеФотографија: DW

орма за развој на јавна дискусија за Охридскиот договор.

Мировен договор или политички компромис е дилемата што ја постави фондацијата Конрад Аденауер на конференцијата за петгодишнината од Охридскиот рамковен договр.

Потписниците Албанци не се во целост задоволни од резултатите постигнати со договорот од август 2001-та.

Лидерот на ДПА, Арбен Џафери смета дека има отворени прашања кои треба да се решаваат за да не се создаваат нови тензии. Тоа според него се официјалната употреба на албанскиот јазик, примената на бадинетровиот принцип, застапеноста на Албаниците во институциите и статусот на поранешна ОНА. “Меѓуетничките кофликти во општества поделени на етнички принципи можат да се решат само применувајќи ја консензуалната демократија. Ако тоа не функционира се оди на политичка и територијална автономија, а ако и ова не даде ефект се оди на федерализација, а потоа и конфедерација“, изјави Џафери.

Лидерот на ПДП од времето на воениот конфилкт Имер Имери оцени дека договорот е нецолосен и треба да продолжи таму каде што е прекинат. „Прво, Охридскиот договор не е целосен, бидејќи преговорите таму не завршија, туку македонската страна еднострано ги прекина. Да продолжеа преговорите сигурно дека овие денешни проблематични ситуации немаше да ги имаме“, рече Имери и додаде. „Жалам што македонската страна сеуште смета дека е губитник со Охридскиот договор. На македонскиот народ ништо не му е одземено со него. Има напредок во некои сегменти во правата на Албанците и ништо повеќе“.

За разлика од оценките на Џафери и Имери, македонските учесници на конференцијата сметаат дека договорот од Охрид ја одиграл својата улога. Премиерот Никола Груевски порача дека затворените прашања не треба одново да се отвораат. „ Македонија конечно треба да ја замени популистичката ретортика за наводната загрозеност на одредни народи и да се сврти кон себе. Треба да се свртиме кон градењето на довербата. Искрено и без ракавици. На тој план од 2001 година до денес беше направено многу. Но уште пат треба да биде поминат, уште чекори треба да се изодат, за Македонија да стане целосна мировна и стабилна држава.“

Стево Пендаровски, тогашен советник за национална безбедност во кабинетот на шефот на државата го оспори одбранбениот капацитет на Македонија. Предупреди дека тоа што и се случи на земјата во 2001, лесно може да се повтори. „Јас тврдам тогаш и сега дека Република Македонија нема на ниво на разработен концепт, на ниво на перцепција кај луѓето кој ја водата државата, во поширока смисла, не мислам само на двајца, тојца од нив. Немаат претстава дека се работеше за класична школска асиментрична закана, која бараше исто таков пристап од другата страна. Значи не велам дека требаше уште посилно да се удри за да немаме Рамковен договор. Само сакам да кажам дека тоа што тогаш се случуваше може денеска да се повтори на микро ниво. И притоа најмалку мислам на луѓе кои имаат политичка или етничка агенда. Зборувам за луѓе кои може имаат криминална агенда во главите и да бидат од било која етничка групација. Повторно системот кој треба да се спротистави на тоа во овој момент постои само на хартија.“

На конференцијата не се појави лидерот на ДУИ, Али Ахмети а го немаше и премиерот од времето на воениот конфликт и потписник на договорот, Љупчо Георгиевски, кој според некои информации не бил ниту поканет.