1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународни сили за мир во регионот

17 јули 2006

Израелската армија продолжува со нападите врз делови на Либан , каде што оперира Хезболах како одмазда за вчерашниот ракетен напад врз градот Хаифа , во кој загинаа осум Израелци. Меѓународната заедница бара итен прекин на нападите и бара да бидат создадени услови за распоредување на меѓународни сили

https://p.dw.com/p/Ac4t
Бејрут
БејрутФотографија: AP

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан ги пвоика двете страни на итно примирје кое би овозможило стационирање на трупи на ОН за стабилизација на состојбата воп регионот

„ Ние сме многу загрижени заради ситуацијата и треба да најдеме начин за запирање на состојбата. Очигледно ви е позната изјавата која произлезе синоќа од состанокот на Г8. Мислам дека двете страни треба да постигнат примирје и да и дадат можност на дичпломатијата„ рече Анан по средбата со британскиот премиер Тони Блер

„Прашањето е зошто не кажеме морате да запрете и запрете веднаш. Одговорот на тоа е дека тоа нема да запре сега освен ако не создадеме услови за такво нешто. За да се случи тоа единствен начин според мене е преку распоредување на меѓународни сили во регионот кои ќе помогнат да запре бомбардирањето во Ирзаел и ќе мудаде причина на Изреал да ги запре нападите врз Хезболах„ рече Блер

Во меѓувреме по налог на францускиот престедател Жак Ширак во Бејрут ќе отпатува премиерот Доминик Де Вилпен кој треба да се сретне со либанскиот премиер Фуад Сињора. Вилпен според најавите ќе ја пренесе француската поддршка за тамошните власти и граѓаните.

Инаку израелската авијација и утрината продолжи со нападите кои во текот на ноќта беа насочени пред се врз пристаништето во Бејрут , меѓународниот аеродром , и неколку упоришта на Хезболах на југот од Либан .

Од болнички извори во земјата се проценува дека загинале најмалку 60 цивили , меѓу нив и голем број канадски државјани. Израелскиот весник Једиот Ахронот повикувајќи се на воени извори пишува дека во досегашната офанзива биле уништени најмалку четвртина од капацитетите на Хезболах.

Во меѓувреме интензивно се спроведува акцијата за извлекување на странските државјани. Израелските власти во соработка со САД и ЕУ ја организираат евакуацијата. Британската армија со воени хеликоптери префрли десетици цивили на Кипар. Шведска преку Дамаск повлече 300 свои државјани. Се јавува и за голем број Либанци кои бегаат во соседните земји . Најголемиот дел од нив во Сирија , така барем тврди , амбасадорот на оваа земја во ОН Имад Мустафа :

„Тоа е хуманитарна катастрофа со огромни размери . Либански цивили гинат секој час Ние ги отворивме нашите граници . Стотици илјади Либанци бегаат во Сирија во моментов.“