1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународна осуда на заложничката драма во Русија

2 септември 2004
https://p.dw.com/p/AcLZ
Кофи Анан
Кофи АнанФотографија: AP

Германската влада покрај осудата побара безусловно пуштање на сите заложници од училиштето. Вице-премиерот и шеф на германската дипломатија Јошка Фишер, изјави дека терористите со уривањето на двата авиона и терористичкиот напад на Московското метро извршиле “невидено брутални злостори“:

“Не можам да си замислам ниту една причина што може да го оправда земањето за заложници деца од училиште. Тоа е за најостра осуда. Можеме само да се надевам дека тие сите неповредени ќе можат да им се вратат на нивните родители!“

Канцеларот Герхард Шредер уште вчера вечер порача:

“Имаме доволно поводи за да сториме се во борбата против тероризмот, се едно каде се случува. Тоа е заедничка задача со која мораме да се соочиме и сметам дека сме должни да им ја искажеме нашата солидарност токму на рускиот народ и на неговиот претседател!“

Американскиот претесдател Џорџ Буш во телефонски разговор му понуди на рускиот колега Владимир Путин помош од секаков вид и нагласи дека двете земји стојат рамо до рамо во борбата против тероризмот.

Советот за безбедност на итната седница свикана на барање на Русија изрази остра осуда на серијата терористички напади во оваа земја:

“Советот за безбедност апелира до сите држави да ги извршат своите обврски и активно да соработуваат со руските власти во обидот да се откријат организаторите на терористичките акти“ - порача преку една портпаролка актуелниот претседавач со Советот, шпанскиот амбсадор при ОН.

Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан побара итно пуштање на слобода на сите заложници. Тој нагласи дека е потресен од заложничката драма, во која веќе има неколку жртви.

Американскиот амбасадор при ОН, Џон Денфорт,, по седницата на Советот за безбедност оцени:

“Мојот коментар, за кој сум сигурен дека го делат и сите други со кои разговарав е дека го осудуваме најостро последниот страшен настан. Земањето како заложници деца од училиште е навистина најниското нешто што може некој да го стори!“