Метеор снимен над езерото Мичиген во САД
7 февруари 2017Реклама
Метеорот кој го надлета ноќеска езерото Мичиген го осветли небото над неколку сојузни држави на американскиот среден запад. Камерите во полициските автомобили во Висконсин и Илиноис околу 1 часот и 30 минути по локално време снимија голема светла топка која брзо се движи.
Американското метеорско друштво наведе дека таква појава е видена во Индијана, Мичиген и во други сојузни држави во САД.
Метерологот Џеф Ласт од градот Грин Беј во Винсконсин изјави оти метеорот го пробил звучниот ѕид поради што се затресле куќите во тој регион.
На радарот се видело дека метеорот поминал над езерото Мичиген, но не е јасно дали паднал таму или се распрснал на небото, рече Ласт.