Металург против Кроација Осигурање
28 февруари 2012Македонскиот претставник во ракометната Лига на шампиони во двомечот во осминафиналето ќе игра против силниот тим на Кроација Осигурање од Загреб. Ова е епилогот на денешното (28.02.2012) извлекување на осминафиналните двојки, кое, претпладнево се случи во Хорсхолм, место кое се наоѓа во близина на данскатапрестолнина Копенхаген.
Металург и Загреб веќе еднаш се сретнаа во тековната сезона, во регионалната СЕХА лига, во Скопје, натпреварот заврши без победник.
Како послабо пласиран во натпреварите по групи Металург првиот натпревар ќе го игра на домашен терен во Скопје а реваншот ќе се игра во Загреб.
Кроација Осигурање, фазата по групи во Лигата на шампиони ја заврши на второто место во А групата, веднаш зад Барселона. Хрватскиот првак, во А групата имаше учинок од осум победи и само два порази.
Кроација осигурање на теренот ја предводи еден од најдобрите светски ракометари во изминатата деценија Ивано Балиќ, во тимот се и хрватските репрезентативци Копљар, Гојун, Вукиќ, Штрлек, Валчиќ и Хорват кој со 69 постигнати гола е најефикасниот играч во фазата по групи.
Загреб пред ждрепката беше еден од посакуваните противници, заедно со унгарскиот Веспрем.
Другите осминафинални двојки во ракометната лига на шампиони се:
Берлин-Барселона
Монпеље-Кил
Висла-Атлетико Мадрид
Кадетен Шафхаузен-Хамбург
Адемар Леон-Веспрем
Киелце-Копер
Савехов-Копенхаген
Првите осмина финални натпревари ќе се одиграат од 14 до 18.март, додека реваншите се на програмата од 21 до 25. март.
Автор:СН/БГ/мф/ехф
Редактор: Жана Ацеска