1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Металург поразен во Загреб

ЕМФ/миа/хина25 март 2012

Македонскиот ракометен шампион Металург не успеа да се пласира меѓу осумте најдобри екипи во Европа, откако на реванш осминафиналниот натпревар на гостувањето кај Загреб КО загуби со 26:21.

https://p.dw.com/p/14RGU
Фотографија: picture-alliance/Sven Simon

Хрватскиот ракометен првак Загреб КО до триумфот стигна во самата завршница од натпреварот, во последните десет минути. Домаќините на неколку пати резултатски се одлепуваа, но македонскиот шампион успеваше да се врати во игра, а во второто полувреме стигна и до изедначување 14:14, откако на полувреме се отиде со предност за хрватскиот тим од 12:10. При нерешениот резултат загрепчани направија серија од 4:0 и до крајот ја задржаа разликата што им гарантираше пласман во четвртфиналето.

Во „Арена Загреб“ синоќа (24.03) најефикасни играчи беа Златко Хорват (Загреб) и Наум Мојсоски (Металург) со по седум постигнати голови.

Жребот за четвртфиналето на Лигата на шампиони ќе се одржи во вторник (27.03) во Виена, а првите натпревари ќе се играат на средината од април.