1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел – Турција

23 април 2007
https://p.dw.com/p/AgBf

Германската канцеларка, Ангела Меркел, побара од турската влада да дејствува по убиството на тројцата соработници во христијанската издавачка куќа во источна Турција. Во интервју за “Минхенер Меркур“ Меркел изјави дека мора да биде преземено се‘ за да се спречи создавање клима која овозможува такви страшни убиства. Истовремено, канцеларката повтори дека инцидентот нема никакво влијание врз преговорите на Турција и ЕУ за приклучување. По убиството во градот Малатија, осомничени за делото се единаесет лица.