Меркел – Кина
28 август 2007Реклама
Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Пекинг побара поголема слобода на печатот во Кина. Во нејзиниот говор во Академијата за социјални науки во Пекинг, Меркел рече дека економскиот подем мора да оди рака под рака со поголема одговорност на меѓународен план. На средбата со шефот на кинескиот парламент, Ву Банггуо Меркел се заложи за донесување закон за медиуми и за поголема правна сигурност на новинарите. Претходно, германската канцеларка се сретна со четворица публицисти, критички настроени кон кинескиот режим. Новинарите на средбата отворено и‘ се спротивставиле на цензурата и се изјасниле за реформи во Кина.