1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Меркел и 16-те џуџиња„

8 март 2007

За првпат сите покраински премиери од Германија и канцеларката Ангела Меркел заеднички ја посетија Европската комисија во Брисел за да ги објаснат германските позиции во Европската унија. Чиновниците во Брисел вчершаната среда веднаш ја крстија „Ден на Германците„ односно „Меркел дојде со 16-те џуџиња„.

https://p.dw.com/p/Abyj
Да,да...климата се менува!
Да,да...климата се менува!Фотографија: picture-alliance/dpa

„Ова е вистина голема среќа и голема премиера, оваа средба со 16-те преимери заедно со канцеларката од Германија„.

Претседателот на комисијата Жозе Барозо дипломатски го пофали класот на 16-те покраински шефови во квечерината на самитот на Унијата под германско претседателство. Пред средбата премиерите негодуваа што Барозо претерано реагира врз нивните компетенции. Тие бараат намалување на бирокартијата. Премиерот на Долна Саксонија Кристијан Вулф:

„Многу конкретно бараме, со оглед на растечките задачи за Европа, конкретните задачи да ги предава надолу во регионите и да им ги препушти на покраините„.

Бриселските чиновници пак, се жалат дека од Германија постојано доаѓаат 17 различни ставови: од покраините плус сојузната влада. Вулф призна дека и покраините прават грешки. Значи не доаѓа сето неубаво од Брисел, иако дури 80 насто од законите во Германија потеклото го имаат во Европската унија. Умерено реагираше и канцеларката Ангела Меркел, претседавач на Унијата. Таа им укажа на покраинските шефови:

„Мислам дека Германија води многу отворена и фер размена со комисијата. Би рекла, споредено со она што повремено се случува меѓу покраините и сојузот, она што се случува меѓу покраините и комисијата е во целост во посакуваните рамки„, изјави Меркел и поита на подготовките за денешниот самит.