1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Фотографија на денот: Документот за вакцинација на Меркел

17 април 2021

Име на лицето кое се вакцинира: Д-р Ангела Меркел; Име на вакцината: Ваксзевриа

https://p.dw.com/p/3s9VJ
Deutschland | Coronavirus | Impfausweis Angela Merkel
Фотографија: Steffen Seibert/Bundesregierung/Handout/REUTERS

Ова е документот на надлежните здравствени власти издаден по вакцинирањето на канцеларката Ангела Меркел. Во нејзиниот жолт документ за вакцинации сега има уште една лепенка - онаа на вакцината на АстраЗенека, примена на 16 април 2021. Немаше фотографирање, сосема во стилот на канцеларката. Само изјава, објавена на Твитер, на профилот на портпаролот на владата Штефен Зајберт, во која, покрај оваа фотографија, уште се вели: „Се радувам што денес ја добив првата доза на АстраЗенека. Им благодарам на сите кои се ангажираат во кампањата на вакцинација и на сите кои се вакцинираат. Вакцинирањето е клучно за сузбивање на пандемијата.“

АстраЗенека во Германија се дава на лицата над 60 години. Сега со оваа вакцина може да се вакцинираат цела низа водечки политичари од оваа старосна група. Во оваа смисла канцеларката даде сигнал дека, покрај сите несигурности, и натаму верува во оваа вакцина.