Мерил Стрип освои „Златна мечка“ за животно дело на Берлиналето
15 февруари 2012Таа подели една цела нација – се’ до денес. За едни ангел на смртта на работничкото движење, за други, пак, успешна економска реформаторка. Маргарет Тачер никого не остави рамнодушен.
Од друга страна таа, Мерил Стрип, е сакана од сите, дури и по триесет години во шоу бизнисот. Јубилеен прием на Берлиналето како за тинејџерска ѕвезда.
„Возбудена сум што сум овде. Сите зборуваат дека е студено, а јас не мислам дека е толку студено. Прекрасно е“, изјави Мерил Стрип на црвениот тепих на Берлиналето.
Без сомнение, филмот од Мерил - Маргарет, ќе биде голем филмски хит. Филмот раскажува од аспект на сегашноста – како Маргарет Тачер како пореметена пензионерка не може да се справи со смртта на својот сопруг.
Челичната Лејди, тоа наскоро станува јасно, не сакала себе си да се поштеди и затоа и другите не можеле да бидат поштедени.
„Мислам дека е тешко да ја имате Мерил Стрип во која било улога, а да немате чувство дека имате човечко суштество на екранот. Мислам дека не ни сакате тоа да биде поинаку. Големите актери се за тоа“, изјави режисерката Филидија Лојд.
Поради тоа Челичната Лејди повеќе не е сакана, но можеби благодарение на Мерил Стрип сега за првпат би можела да биде разбрана.
„Челичната Лејди“ е се’ само не политички филм, но тој навистина предизвика вжештена политичка дебата во Англија. Смее ли да се прикажува некогашната Челична Лејди како слаба стара жена? Во секој случај, филмот без таа перспектива ќе биде здодевен, а за среќа во киното има различни закони отколку во политиката.
Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!
Автор: Керштин Хилт / Александар Методијев
Редактор: Александра Трајковска