Мексико поплави
5 ноември 2007Реклама
Претседателот на Мексико Фелипе Калдерон ја повика меѓународната заедница да и‘ пружи итна помош на неговата земја поради катастрофалните поплави. Во најтешко погодената покраина Табаско под вода се наоѓаат 80% од вкупната територија. Водените маси држат како заложници повеќе од 80.000 лица, кои армијата се обидува да ги евакуира. Во меѓувреме има надеж за подобрување на ситуацијата, бидејќи метеролозите најавуваат запирање на тешките врнежи што ги предизвикаа поплавите.