1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мајнц – неонацисти

25 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BXlU

По инцидентот со прогон на осумтемина Индијци во источно германското гратче Мигелн полицијата објави дека сличен инцидент имало минатиот викенд и во близината на градот Мајнц. Еден граѓанин на Египет и еден од Судан биле нападнати од сторители што најверојатно и‘ припаѓаат на десно радикалната сцена. Случајот не бил објавен во јавноста во заштита на истражната постапка. Две осомничени лица сега се наоѓаат во истражен затвор. Премиерот на покраинскарта влада за Рајн Фалц, Курт Бек остро го осуди инцидентот како кукавички. “Сосема е јасно дека не можеме да посочуваме со прст само кон источниот дел на Германија. Станува збор за се‘-германски проблем, тој можеби има различен интензитет во разни региони, но е присутен на секаде. Затоа велам дека мораме да вложиме се‘срдни напори на сите нивоа, а посебно ние, политичките партии носиме голема одговорност“ - посочи Курт Бек, кој е и претседател на социјалдемократската партија.