Матурантите ќе полагаат пробна државна матура
4 декември 2007Реклама
На дводневните тестирања во среда и четврток, матурантите ќе полагаат само два предмета, иако на државната матура во јуни ќе се полагаат четири. Сега средношколците ќе покажат што научиле од македонскиот или мајчиниот јазик на матурантот, а како втор предмет ќе се полага странски јазик и математика.
На прелиминарните сондажи се пријавиле две третини од матурантите во Македонија.