1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Масовни корона-тестови во Хонгконг, на поттик од Кина?

ЖА / агенции
1 септември 2020

Кинеските власти тврдат дека воглавно ја сузбиле пандемијата на коронавирус во земјата, сега ќе помагаат и во Хонгконг. Критичарите се сомневаат во обид да се соберат податоци за граѓаните.

https://p.dw.com/p/3hquL
Hongkong Coronatest
Фотографија: Reuters/T. Siu

Властите во Хонгконг започнаа со масовно тестирање на населението заради спречување на ширењето на коронавирусот. Целта на програмата е преглед на милиони жители на кинеската специјална управна зона. Се вели дека тестирањето е на доброволна база.

Програмата треба да тече една до две недели, во зависност од интересот кај граѓаните. Од почетокот на корона-тестирањето во саботата, се пријавиле околу 500.000 луѓе, што е меѓутоа само околу седум проценти од 7,5 милионската метропола. Според тврдењето на здравствените советници на локалната влада, треба да се тестираат по можност пет милиони луѓе заради спречување на сегашниот бран на распространување на вирусот. 

Ковид-19: Драстично различни аршини за Дизниленд во Хонгконг и на Флорида

Џошуа Вонг апелира на бојкот

Во акцијата се вклучени лекари и фирми од Кина, што кај народот буди сомнеж дека кинеската централна власт има намера да собере информации и ДНК податоци за граѓаните од Хонгконг. Претставници на продемократското движење, меѓу кои и познатиот активист Џошуа Вонг, повикаа на бојкотирање на тестовите. Владата на Хонгконг напротив уверува дека при корона-тестирањето не се земаат ДНК примероци и не се препраќаат наоди во лаборатории во копнениот дел од Кина.

Повеќе:

Можна ли е повторна инфекција со коронавирус?

Кина отвори „канцеларија за безбедност“ во Хонконг

Месечарење во корона-криза - кој всушност потфрли?

Раководството во Пекинг во изминатите месеци значително го заостри односот кон демократското движење во делумно автономниот Хонгконг, врз основа на т.н. Закон за безбедност стапен во сила на крајот на јуни. Тој на властите им овозможува остро постапување против сите активисти, кои од нивен аспект ја загрозуваат националната безбедност на Кина. Законот претставува досега најтежок упад во автономниот статус на Хонгконг.

На поранешната британска колонија при предавањето на Кина во 1997 година ѝ беа гарантирани специјални права во рок од 50 години, вклучувајќи слобода на мислење и на собирање.

Релативно успешно справување со пандемијата

Пандемијата на коронавирус во Хонгконг досега беше релативно успешно менаџирана без оглед на специфичните станбени услови поради скудниот станбен простор во кој живее мнозинството од жителите. Досега се регистрирани само 4.800 инфекции и околу 90 смртни случаи. Но, во изминатите месеци во градот се забележа нов инфективен бран, кој својата кулминација ја имаше на крајот на јули со 150 новорегистрирани заразени лица дневно. Во меѓувреме, ситуацијата е значајно подобрена.