Масовен провладин собир „Македонија силна“
Под мотото „Македонија силна!“ пред Собранието на Република Македонија се одржа големиот народен собир на владејачката ВМРО- ДПМНЕ и партиите од коалицијата „За подобра Македонија“.
Масовност
На митингот кој помина во мирна атмосфера, според проценките на организаторите, присуствувале 100.000 луѓе. Светските новински агенции на кои се повикуваат и германските медиуми говорат за бројка меѓу 30 и 40 илјади.
Од сите краишта на Македонија
На собирот присуствуваа голем број граѓани од цела Македонија.Слично како и на протестот на опозицијата и пред Собранието имаше луѓе од различни националности.
„Доста молчевме, време е да одговориме“
Нашите реакции досега беа молчење, но доста беше, Македонија е време да одговори, рече премиерот Никола Груевски на собирот на кој беше придружуван од целокупното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Целодневни подготовки
Пред Триумфалната порта беше поставена големата бина од која вечерва се обрати премиерот Никола Груевски, а свое обраќање имаа уште неколку говорници. Блокирани беа речиси сите улици кон Собранието и поставени заштитни огради и моќно озвучување.