Марин Ле Пен ќе учествува на француските претседателски избори
13 март 2012„Ги имам моите 500 потписи и затоа ќе бидам кандидатка на претседателските избори“, објави шефицата на антиимиграциската партија „Национален фронт“ Марин Ле Пен.
Ако Ле Пен не ги собереше потписите, тогаш веројатно приврзаниците на екстремната десница ќе ги насочеа гласовите кон конзервативниот претседател Никола Саркози, кој на најголем број анкети е зад кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд, но разликата во процентите е мала.
Марин Ле Пен, која ја презеде партијата „Национален фронт“ во 2011-та од нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен, е харизматична политичарка, но се чини дека има мали шанси сериозно да го загрози Оланд или, пак, Саркози на претстојните избори. Таа од традиционалниот партиски фокус – против доселениците, се насочи кон водење кампања Франција да излезе од еврозоната и да се воведат протекционистички бариери.
Автор: Александар Методијев /АТ/ројтерс/афп
Редактор: Симе Недевски