1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Манчестер: Масовно пеење во спомен на жртвите од теророт

СН/ агенции
23 мај 2018

Граѓаните на Манчестер синоќа се собраа за да ја одбележат со заедничко пеење годишнината од терористичкиот напад во градот кој загинаа 22 лица.

https://p.dw.com/p/2yAPb
Großbritannien Gedenken 1. Jahrestag Anschlag Ariana-Grande-Konzert in Manchester
Фотографија: Getty Images/L. Neal

По целодневните комеморативни церемонии, вечерта заврши со масовно пеење на кое учествуваа десетици хорови со околу 2800 членови, но и илјадници граѓани кои беа присутни на плоштадот Алберт во центарот на градот. Притоа беа испеани бројни популарни песни.

Манчестер пееше во спомен на жртвите на теророт

Посебно емотивен момент вечерта беше настапот на хорот на преживеаните од нападот, кој ја отпеа песната на популарниот манчестерски бенд Оејзис- „Don't Look Back in Anger“. Нивниот настап го најави некогашниот фронтмен на бендот Ноел Галагер.

Großbritannien Gedenken 1. Jahrestag Anschlag Ariana-Grande-Konzert in Manchester | Blumen
Фотографија: Getty Images/L. Neal

Повеќе:

-Светот тагува со Манчестер

-22 загинати во нападот во Манчестер

На 22 мај минатата година бомбаш-самоубиец активираше експлозивна направа во Манчестер-арената непосредно по крајот на концертот на американската поп-ѕвезда Аријана Гранде. Најмалку 22 лица го загубија животот, а десетици беа повредени. Одоговорноста за овој терористички напад ја презеде Исламска држава.