1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мал чекор во вистинска насока

18 март 2005

По разговорите на Владата и опозицијата околу борбата против невработесноста

https://p.dw.com/p/AcGb
Фотографија: AP

Канцеларот Герхард Шредер вчера попладне имаше средба со опозиционите лидери Ангела Меркел (ЦДУ) и Едмунд Штојбер (ЦСУ), на која присуствуваше и Јошка Фишер (Сојуз 90/Зелени) на која се разговараше за патиштата до нови вработувања во Германија.

Се потврди она што многумина го прогнозираа. Нема спектакуларни резултати од средбата на врвот, но е направен мал чекор во вистинската насока! Заеднички власта и опозицијата да се фати во костец со проблемот број еден во Германија - невработеноста.

"Кога би резимирал би кажал дека разговаеравме темелно, на високо ниво и за бројни прашања сме истомисленици. Тука е желбата нешто конкретно заеднички да направиме за да има повеке инвестиции во Германија со што би се спротивставиле на невработеноста" - констатираше по дваиполчасовната средба на прес конференција во Владата канцеларот Шредер кој на маса го имаше ставено списокот од 20 точки.

Со 32 барања на листата настапи и опозицијата. Фактот што впечатоците од разговорот Ангела Меркел и Едмунд Штојбер ги соопштија на одделна конференција во Бундестагот, беше своевдидна потврда дека средбата била делумно успешна.

"Можам да кажам дека притисокот што го направивме врз владата делумно се исплатеше. Но жално е што напредокот за поголемиот дел од прашањата е незначителен" - оцени Меркел за која заедно со Штојбер се прифатливи дел од предлозите на канцеларот во врска со намалувањето на даноците за претпријатијата, како и оние околу разградувањето на бирократијата. Со предлогот данокот за фирмите да се намали од 25 на 19 шроценти, би се зголемила конкурентноста, би станале поатрактивни и на јпосле би се отвориле и нови работни места. Меркел мегутоа појасни дека опозицијата даде на знаење дека не смее да има нови нето задолжувања и дека финансирањето мора да се разјасни.

Ова значи дека првиот финансиер Ханс Ајхек ке треба да направи некаков предлог до покраинските министри за фианнсии кој ке треба да се усогласи, а потоа и изгласа. Владата и опозицијата се едномисленици и околу мерките за подобрување на условите за заработка на оние кои долго време се без работа. Освен ова постигната е согласност и за натамошно активирање на т.н реформа околу федерализмот. Не се постигна договор мегутоа околу правата на работодавалчите, тарифните преговори, заштитата од откази ...

"Повеке со социјалдемократите и Зелениет не може и да се направи" коментираше Штојбер според кого тие се држат до апсолутната сигурност и не се подготвени да пополнат некои празнини кои ги прдевидува современото законодавство, а со кои би се отвориле нови работни места.

И канцеларот Шредер изрази жалење што другата страна не е во состојба да увиди дека се неопходни масивните инвестиции во истражувањето и развојот од една, и згрижувањето на децата од друга страна, кои би можеле да се стават на располагање од средствата кои инаку државата ги дава како помош за обезбедување покрив над глава.

Иако средбата не донесе некаква волшебна пресвртница за нејзиниот исход денес ке се расправа во одделните партии.