1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Малку ново во германско-американските односи

8 февруари 2004
https://p.dw.com/p/AcQ5
Секој мајмун, што врз Земјата гледа од Марс, ги гледа нашите заеднички нешта, изјави американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд, притоа мислејќи на Северна Америка и останатиот дел од земјите членки на НАТО, значи и на Германија.

Јасни зборови е карактеристика на конференцијата во Минхен, која ретко како кој друг настан ги отсликува актуелните тензии во западниот свет. Особено напната состојбата беше минатата година, кога претстоеше војната во Ирак. "Не сум убеден во причините за војна", му одговори тогаш на американскиот министер за одбрана, германскиот министер за надворешни работи, Јошка Фишер. Доналд Рамсфелд од своја страна, отворено се потсмеваше на пацифистичкиот став на германската влада.

Фишер и Рамсфелд и годинава застанаа еден наспроти друг, но многу порелаксирано. Сепак, во суштина малку што се измени - Рамсфелд го бранеше нападот врз Ирак, Фишер отфрлањето - значи малку нешто е ново во германско-американскиот клинч.

Во новата рунда станува збор за натпревар околу подобар концепт за Блискиот исток. Според Рамсфелд, падот на Садам Хусеин има позитивни ефекти врз целиот регион. Американскиот министер за одбрана, малку патетично говореше за "Песна на слободата", што ќе се рашири во регионот. Германскиот министер за надворешни работи, Фишер, наспроти тоа не верува дека сега регионот е автоматски насочен кон демократски пресврт.

Поради ова, тој предложи трансатлантска иницијатива за Блискиот исток - размислување кое јасно го формулираше првпат во Минхен. Притоа, во средиштето е ангажман на цивилното општество, а не воен ангажман..

На тој начин, Фишер очигледно има намера на САД да им ја презентира европската позиција пред Вашингтон да ја зафати темата на самитот на НАТО во јуни. И, американската влада имено, планира да ја засили соработката на НАТО со земјите од регионот на Средоземјето. ЕУ, пак, на ова поле презема значително повеќе - компетенции кои сега Фишер им ги понуди на САД.

Ако Американците и Европејците заеднички се грижат за Блискиот исток, според размислувањата, ќе се постигнат две цели - заканата од тероризам долгорочно ќе биде намалена и мултилатерализмот повторно ќе добие платформа. На ваквиот поттик, во чие средиште е дијалогот и соработката, Рамсфелд реагираше воздржано, што и можеше да се очекува.

Безбедносната конференција во Минхен, повторно на мало го покажува она што важи и вкупно во германско- американските односи: атмосферата е подобрена, но конфликтите се и натаму старите.