1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мала промена во иранскиот став

4 септември 2006

Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја заврши посетата на Иран при што можеше да соопшти само мала, но вредна за внимание промена во иранската позиција во врска со атомскиот спор. На вчерашната прес конференција не учествуваше иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

https://p.dw.com/p/Ac3Z
Има ли воопшто шанса за решение? Анан и Ахмадинеџад
Има ли воопшто шанса за решение? Анан и АхмадинеџадФотографија: AP

Кофи Анан по посетата на Иран го соопшти истото што и порано:„Потребно ни е поголемо трпение„. За Американците ова одамна е минато, но и кај Европејците полека може да мине. Зашто посетата на Анан на Техеран, барем на прв поглед, не донесе никаква промена. Исламската република, персонализирана во претседателот Махмуд Ахмадинеџад, ги повтори познатите две реченици: прво, ние сме за натамошни преговори, и второ, како што рече претеседателот:

„Мирољубивото користење на атмоската енергија е неспорно право на иранскиот народ. Народот така реши врз основа на легалното меѓународна право„.

Иако овие две реченици Иран по којзнае кој пат и ги упатува на меѓународната заедница, се чини сепак нешто малку е променето. Зашто Анан по разговорите изјави:

„Во врска со атомското прашање, претседателот повтори дека Иран сака да најде решение за кризата со преговори. Меѓутоа, повторно подвлече дека не прифаќа запирање на збогатувањето ураниум пред натамошните преговори„.

Со други зборови тоа значи: ако дојде до преговори, за Иран е сосема можно запирање на атомската програма, барем краткорочно. Тоа не е пробив, но може да се оцени како мала значајна промена. Зашто досега Ахмадинеџад суспензија категорично одбиваше. Така, со сета претпазливост може да се тврди дека Иран во принцип не се откажува од својот пат, но барем малку се придвижи, подеднакво како и Европејците. Нивниот министер за надворешни работи Хавиер Солана во саботата доби мандат за натамошни преговори со Техеран за уште еднаш да ги испита шансите за решение преку преговори.