1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонските учебници на детална проверка

21 август 2010

Ревизија на сите учебници - ваква одлука донесе министерот за образование и наука, Никола Тодоров по вонредниот состанок со Националната комисија за учебници, Педагошката служба и Бирото за развој на образованието.

https://p.dw.com/p/Ot9S
Фотографија: dpa

„На учебниците од прво до петто одделение ревизија ќе направат педагошките факултети во Скопје, Штип, Битола и Тетово, а на останатите учебници од основното образование ревизијата ќе ја прават Националната Комисија за учебници, Бирото за развој на образованието и експертите од факултетите во Македонија,“ рече министерот Тодоров на денешната прес-конференција. Тој додаде дека ревизијата на сите учебници ќе биде направена во рок од 30 дена по формирањето на тимовите за ревизија, што ќе почне во понеделник и ќе трае една недела.

Донесена е одлука да се изврши и јазична лектура на сите учебници од страна на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ од Скопје, исто така во рок од 30 дена.

Измени во Законот за учебници

Ein Buch in mazedonisch
Итен состанок по турбуленциите во македонското учебникарствоФотографија: DW

Освен тоа, Министерството за образование и наука до Владата на Република Македонија ќе предложи законски измени за Законот за учебниците во основното и средното образование.

Министерот Тодоров информира дека на вчерашниот состанок се договориле и за критериумите за тоа кој може да биде автор на учебник. Според новите правила, автор на учебник не може да биде лице кое нема најмалку десет години искуство во предавање на предметот по кој се прави учебникот, наведе Тодоров, додавајќи дека авторот мора да има виско обарзование и да биде магистер или доктор на науки.

Вчерашниот вонреден состанок се одржа по барање на министерот за образование и наука, Никола Тодоров, како реакција на настанатата ситуација со учебниците и учебникарството во Македонија.

Автор: ТТ/АТ/миа

Редактор: Трајче Тосев