1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бараж за СП во Шпанија

29 јануари 2012

Репрезентацијата на Македонија на денешното извлекување во Белград, за противник во баражот за Светското првенство во Шпанија 2013-та година ја доби селекцијата на Австрија.

https://p.dw.com/p/13sdh
Фотографија: Reuters

Македонската ракометна репрезентација, против Австрија, ќе се обиде да избори пласман на Светското првенство, кое од 13-27. јануари 2013 година ќе се одржи во Шпанија. Ова е епилогот од денешната жрепка која попладнево се одржа во Белград, со која беа извлечени бараж двојките за пласман на ракометниот Мундијал. Првиот натпревар, Македонија која беше меѓу носителите на денешното
извлекување, ќе го одигра на 9-ти или 10-ти јуни во Австрија, додека возвратниот
натпревар во Скопје ќе се одигра на 16-ти или 17-ти јуни.


Останатите бараж двојки: Германија-Босна и Херцеговина, Шведска-Црна Гора,
Исланд-Холандија, Унгарија-Норвешка, Словачка-Белорусија, Литванија-Полска,
Русија-Чешка, Словенија-Португалија.


Пласман на СП во 2013-та година покрај домаќинот Шпанија и бранителот на
титулата Франција, обезбедија уште Србија, Хрватска и Данска, со изборувањето пласман во полуфиналето на Еуро 2012.

Автор:СН/АТ/макфакс/миа

Редактор: А.Трајковска