1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонската одбојка гребе на дното

8 декември 2010

Одбојката, спорт популарен во Македонија, со резултати во минатото од меѓународна вредност веќе подолг период е соочена со резултатски, организациски, и пред се’ финансиски проблеми. Ниту трага од некогашниот сјај.

https://p.dw.com/p/QSuA
Првиот човек на Одбојкарската федерација на Македонија, Перо ЈовановскиФотографија: Zlatko Kalinski

Одбојката едноставно, ја дели судбината на многу други спортови во Македонија. Перо Јовановски, поранешен одбојкар на Работнички и на Вардар во моментов е на чело на одбојкарската федерација. Тој вели дека е деликатно е да се даде позитивна оценка за моментот на македонската одбојка.

„Состобата во македонската одбојка? Малку деликатно прашање, но во принцип како и целиот спорт во нашата држава. Пред се’ клубовите го имаат основниот проблем, а тоа се финасиите и спонзорите. Знаеме дека спортот е отиден многу напред, така што без финансии квалитетен спорт не постои“, вели Јовановски.

Volleyballspiel
Македонската репрезентација нема да игра во Лигата на ЕвропаФотографија: DW

Финансиите- само дел од проблемот

Деновиве репрезентацијата на Македонија остана без шанса да игра во Лигата на Европа, натпреварување, интересно, издржано... Николовски вели дека финансиската конструкција беше само една од причините, што Македонија не е вклучена во неа.

„Па, да во принцип беа проблем средствата, меѓутоа ние во последниот ден пред ждрепката успеавме да ги обезбедиме средствата, односно успеа нашиот главен спонзор „Алкалоид Скопје“. Меѓутоа проблемот беше во тоа што на ждрепката се појавија 13 екипи, ние бевме 14-та екипа. Нашите прдвидувања беа дека Европската лига оваа година ќе биде составена од 16 екипи, но немаше доволен број на пријавени екипи, така што отпаднавме ние и Хрватска.“

Ниту трага од некогашниот сјај

Првата македонска лига минува низ есенскиот дел, осиромашена за неучеството на Работнички, клуб кој згаснува, а само до скоро беше дел од европската клупска одбојка.

Pero Jovanovski
Перо ЈовановскиФотографија: Zlatko Kalinski

„ Жалосно е што еден клуб кој ја одбележа македонската одбојкарска историја од независноста па се до минатата сезона. Но ние како федерација сакавме и да помогнеме, но не наидовме на разбирање од страна на Работнички, нивното раководство одлучи клубот да го стави во мирување.“

Работнички веќе не е на македонската одбојкарска карта. Од некогашните великани Вардар, Борец од Велес, Југохром од Тетово, Струмица... останати се само сиромашни контури.

Перо Јовановски вели дека е тешко одбојката да се покрене и да се подигне на повисоко рамниште. Скромни и тешки се чекорите за враќање на некогашниот сјај. Недостигаат и пари и стручна работа.

„ Чекорите кои ги превземаме – ние како федерација сега имаме програма да формираме три школи кои ќе работат со младинци и кадети, кои ќе бидат под капата на федерацијата. Тренерите исто така ќе бидат под капата на федерацијата, а и салата ќе биде закупена од федерацијата. Сакаме да работиме со најмалите категории бидејки оваа 2011-та година ќе биде малку посиромашна со активности.“

Автор: Златко Калински

Редактор: Симе Недевски