Македонската влада позитивно гледа на планот на Ахтисари
3 февруари 2007Реклама
Владата на Македонија позитивно гледа на планот на Марти Ахтисари за решавање на статутот на Косово и ги поздравува решенијата за брзо и ефикансо разграничување меѓу двете земји. Ова го изјави македонскиот премиер Никола Груевски по средбата на шефот на опозицијата на Косово Хашим Тачи, кој во Скопје допатува само еден ден по отврањето на пакетот за решението на статусот на Косово во Белград и Приштина. Тоа е знак на добрососедство и ние сме подготвени да ги реалзираме обврските на меѓународната заедница за конечно одбележување на границата изјави Хашим Тачи во Скопје.