Македонската влада најавува шест до осум илјади вработувања
2 јуни 2012Вкупно 12 мерки од кои четири за нови шест до осум илјади вработувања и осум за конкуретна поддршка на компаниите, социјално ранливите семејства, земјоделците и транспортерите, најави денеска (02.06.2012) премиерот Никола Груевски.
Тој на прес-конфренција, на која присуствуваа сите владини министри, објасни дека мерките се дел од т.н. нов бран, а целта е подобрување на вкупната економско- социјална состојба во државата. За нивната реализација ќе бидат одвоени 13 милиони евра.
„Мерките се внимателно одбрани и соодветно проектирани во услови кога има кратења во некои ставки од Буџетот. Реални се и остварливи и не се плод на политички памфлетизам“, нагласи Груевски.
Владата, напомена премиерот, ќе продолжи со спроведување на економско-социјалната политика што е во функција на граѓаните и компаниите и тоа е, како што рече, она што ја разликува од останатите политички субјекти.