1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија се простува од загинатите војници

Горан Петрески 15 јануари 2008

Во Македонија денеска е ден на жалост. Во Скопје и местата каде живееја се оддржува погребот на загинатите војници во хиликоптерската несреќа.

https://p.dw.com/p/Cppz
Никој не ја преживеа несреќатаФотографија: MIA Photo Service
На медиумите сериозна музика, на улиците знамиња на половина копје. Во Македонија е ден на жалост. Земјата се простува од 11те мировници кои загинаа во хиликоптерската несреќа во близина на Скопје. Пет од загинатите војнции ќе бидат погребани во Скопје на градските гробишта Бутел, а останатите на местата каде што живееја. Погребините церемонии почнаа, а во градската капела во Скопје веќе повеќе часови се собираат луѓето кои ќе ги испраќаат загинатите војници во нивниот вечен дом. Нивните роднини и пријатели, државниот врв, странските амбасадори. Несреќата се случи во саботата после пладне. На неколку минути пред слетувањето, хиликоптерот се урна во катлановско. Од она што досега е утврдено во истрагата, познато е дека пилотот не пријавил каков било дефект при последниот контакт со контролната кула. Според неофицијални информации хилихоптерот имал проблем со оддржувањето на висината. Утвредно е и дека војнциите погинале од ударот при падот, а не од експлозијата што настанала подоцна.