Македонија- регионален центар на „Лукоил“
22 јуни 2012Македонија ќе биде регионален центар на Лукоил, изјави денеска премиерот Никола Груевски во Санкт Петербург.
Според него, од регионалниот центар на „Лукоил“ во државава нафтената компанија би ги покривала и Бугарија, Албанија, Косово, што, истакнува,е добра вест за Македонија.
„Тоа веројатно ќе го зголеми и бројот на вработени во седиштето на „Лукоил“ во Македонија“, посочи Груевски по посетата на Русија на владината делегација.
Македонскиот премиер во Санкт Петербург имаше средба со Вагит Алекперов, директор на руската компанија „Лукоил“, при што руската нафтена компанија ги претставила плановите да ја зголеми инвестицијата во Македонија.
Македонија се приклучува кон „Јужен поток“
Премиерот Груевски инаку ја оцени како успешна повеќедневната посета на Руската Федеарција, во рамки на која се сретна со рускиот претседател Владимир Путин ипосети четири области каде пред претставници на повеќе од 230 компании ги презентира можностите за инвестирање во Македонија.
Претходно беше објавено дека Алексеј Милер генерален рускиот енергетски концерн „Газпром“ го известил премиерот Груевски дека компанијата има подготвено нацрт договор за приклучување на Македонија кон проектот „Јужен поток“. Во текот на следниот месец преку руското министерство за енергетика ќе биде доставен на разгледување во руската по што ќе биде предаден за потпишување.
На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработкаиподготвеност и заложба за интензивирање и динамизирање на процесот за приклучување на Македонија во овој проект кој претставува еден од најзначајните гасоводни коридори во Европа.
Заеднички е констатирано дека вклучувањето на Македонија во проектот „Јужен поток“ е од корист и интерес за граѓаните и компаниите во Македонија и за ширење на пазарот на руската компанија.