Македонија оди на победа против Грција
17 јануари 2012По вчерашната убедлива победа над Турција од 16:4, македонската ватерполо репрезентација денеска ја очекува потежок испит против селекцијата на Грција во рамките на ЕП кое се одржува во Холандија.
Македонските ватерполисти имаат голем мотив затоа што победата над Грција ќе им ги зголеми шансите за пласман на позицијата која во најмала рака носи место во квалификациите за Олимписките игри во Лондон.
Натпреварот Македонија – Грција кој се игра во рамките од групата „А“ започнува во 13 часот.
Во останатите два натпревари од оваа група ќе играат Холандија – Унгарија и Италија – Турција.
Во „Б“ групата двојките за денеска се: Србија - Германија, Шпанија - Романија и Црна Гора - Хрватска.
Вчера, во првото коло од натпреварите, во групата А, Грција ја совлада Холандија со 14:12, а Унгарија беше подобра од Италија со 12:8.
Во групата Б, Хрватска ја совлада Романија со 10:7, Германија загуби од Црна Гора- 7:13, а Србија ја совлада Шпанија со 8:5.
Автор: БГ/ АТ/ миа
Редактор: Ж. Ацеска