1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија и Косово се разграничуваат

17 октомври 2009

Во тек е процесот на ратификација на Договорот за физичка демаркација на границата меѓу Македонија и Косово. Меѓу другото тој предвидува и замена на неколку територии меѓу двете земји.

https://p.dw.com/p/K8ty
Фотографија: RIA Novosti

Косовскиот Парламент денеска во второто гласање со 81 глас „за“, три „против“ и двајца „воздржани“ го ратификуваше Договорот за физичка демаркација на границата меѓу Македонија и Косово.

Собранието на Косовопо пладенво повторно гласаше за Договорот, откако во претпладневното изјаснување го поддржаа само 67 пратеници, што не беше доволнo за негова ратификација. Според Уставот на Косово, за усвојување на меѓународните договори потребно е двотретинско мнозинство во Парламентот, кој брои 120 пратеници.

Повторното гласање беше одржано по координацијата на шефовите на пратеничките групи што ја свика претседателот на косовскиот Парламент, Јакуп Красниќи, откако првото изјаснување беше несупешно.

Се чека на македонското собрание

Grenzübergang zwischen Mazedonien Kosovo und Albanien
Од отворањето на граничниот премин меѓу Македонија и КосовоФотографија: MIA

За ратификацијата на Договорот денеска треба да се изјасни и Собранието на Македонија. Собраниската седницата е закажана откако Владата вчера ги прифати информацијата за склучување на договорот и усогласениот текст на документот, како и Предлог законот за негова ратификација.

Со Договорот се предвидува замена на две територии, што важат за спорни. Македонија добива една нива околу Шар Планина, додека кај Скопска Црна Гора, Македонија отстапува еден поголем дел од својата територија, околу селата Дебалде и важната стратегиска кота Кодра Фур, еден дел од околу 400-500 метри квадратни, според Договорот, треба да му припаднат на Косово.

Македонија и Косово покажаа одговорност и зрелост

Според планот на Марти Ахтисари, кој е основа за уредувањето на односите на Косово, предвидено е претставници на двете земји, заедно со меѓународната канцеларија на ОН, во рок од дванаесет месеци да го решат проблемот околу границата, што настана поради протоколот што во 2001 година беше потпишан меѓу Македонија и тогашна Сојузна Република Југославија. Косово одби да го признае овој протокол, но на инсистирање на меѓународната заедница се согласи да изврши демаркација на границата со Македонија.

Постигнатиот договор меѓу Македонија и Косово за демаркација на границата го поздравија ЕУ и САД со оценка дека тоа е знак на зрелост, орговорност и меѓусебно почитување, што ќе придонесе за добрососедските односи и за регионалната стабилност.

Автор: А.Ч./Ж.А./Т.Т./миа/бета

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема