1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија го празнува 11 октомври

11 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bp2M

Македонија денеска одбележува 66 години од почетокот на народното анттифашистичко востание. Свечената академија по повод празникот се одржа вчера во домот на АРМ во Скопје на која зборуваше премиерот Никола Груевски. Празникот денеска ќе се одбележи со манифестации во Куманово и Прилеп. Во парламентот ќе биде доделена наградата за животно дело „11 октомври„ која годинава ја добива професор Томислав Тодоровски. Претседателот Бранко Црвенковски денеска треба да ги посети македонските војници кои учествуваат во мисијата во Авганистан.