1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија го задржува кредитниот рејтинг

27 октомври 2011

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ ја потврди фискалната стабилност на Македонија и го задржа кредитниот рејтинг ББ+.

https://p.dw.com/p/12zxN
Фотографија: DW / Sonja Kanikova

„Рангирањето се базира врз солидната рамка на макроекономска политика, ниската владина задолженост и дефицит, како и стабилниот банкарски систем. Сепак, и натаму демнат фискалната ранливост и политичките ризици“, вели Матео Наполитано од агенцијата „Фич“.

Оваа француско-американска агенција очекува македонската влада годинава да ги оствари или благо да ги надмине проекциите за дефицитот од 2,5% од брутодомашниот производ. Таа предвидува намалување на буџетскиот дефицит на 2 проценти до 2013 и задржување на јавниот долг на нивото до 30 отсто. Македонија останува на ниво со низок ризик, споредено со земјите во регионот, стои во соопштението на „Фич“.

Автор: ГЧ/ миа

Редактор: Александра Трајковска