1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лондон сепак забрани да се комерцијализираат приказните на маринците

10 април 2007
https://p.dw.com/p/AgFL

Британската влада реши сепак да забрани понатамошна комерцијализација на приказните на војниците кои беа заробени во Иран. Ексклузивните интервјуа на двајца маринци предизвикаа бура протести, изјави министерот за одбрана Дес Браун повлекувајќи ја првичната дозвола за објавување на сториите во јавност. Политичари, одбрамбени експерти и поранешни команданти изјавија дека продавањето на овие приказни е под нивото на честа. Според многумина владата ги искористила војниците за пропагандни цели и со тоа не се покажала подобра од иранската влада. Министерството за одбрана ја бранеше претходната одлука со енормен интерес и притисок од медиумите.