1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лондон го обвинува Иран за заробените војници

26 март 2007
https://p.dw.com/p/AgKT

Велика Британија го обвинува Иран за намерно киднапирање на бртианските војници во Персискиот залив. Премиерот Тони Блер, изјави дека ситуацијата е сериозна. Министерот за надворешни работи, Маргарет Бекет, во телефонски разговор со иранскиот колега, Манухер Мотаки уште еднаш јасно стави до знаење дека во времето на апсење британските војници се наоѓале во ирачки, а не во ирански територијални води. Иранските власти соопштија дека ја разгледуваат можноста за подгање обвинение против војниците поради нелегално навлегување во иранските територијални води. Иранската војска ги заробила војниците кај сливот Шат ал Араб во Персискиот залив, каде што е границата меѓу ирачките и иранските територијални води.