Лидерите од светот му ја честитаат победата на Саркози
7 мај 2007Реклама
Шефови на држави и влади од целиот свет му ја честитаа победата на изборите на Никола Саркози. Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Хорст Келер изразија уверување дека Германија и Франција и во иднина ќе соработуваат. Освен ова тие изразија и надеж, дека Франција под водство на Саркози ќе игра силна улога во Европската унија.