Лига на шампионите: Баерн оди натаму
8 март 2007Баерн победи со 2 спрема 1 во натрпевар во кој Рој Макаи по само 10 секунди го донесе потребниот елан за екипата. Тренерот Отмар Хицфлед по натпреварот изјави:
„Мислам дека тоа е рекорд во лигата на шампионите. Единствено и сензационално натпреварот да започне со таков жесток удар„.
Напаѓачот Бастијан Швајнштајгер:
„Секако беше перфектно што така стартувавме, па веднаш бевме целосно во играта. Тоа беше многу важно„.
Победата од 2 спрема 1 значеше надополнување на поразот во Мадрид од 3 спрема 2, па Баерн ќе игра во четвртфиналето. Освен Макаи, стрелец за Баерн беше и Лусио. Надежта на Реал му ја врати Нистелрој кој беше прецизен од пенал во 83-тата минута, но Баерн и до крајот беше подобар и имаше повеќе од играта.
За натамошните натпревари се пласира и ПСВ Ајндховен по ремито со Арсенал во Лондон: 1 спрема 1, бидејќи во првиот натрпевар дома победи со 1 спрема 0. Манчестер Јунајтед беше најубедлив зашто својот противник, француската екипа Лил, го совлада и дома со 1 спрема 0, исто како и на гостувањето. Милан го победи Селтик со 1 спрема 0 дури во продолжението и оди натаму по нерешните 0 спрема 0 на гостувањето.