Либиски екс министер пронајден мртов во Виена
30 април 2012Реклама
Телото на 69-годишниот Шукри Ганем било најдено во Дунав, а го открил еден случаен минувач. Претставник на полицијата во Виена изјави дека телото не било долго во водата пред да биде најдено и недвојбено е идентификувано. На него не се откриени траги на насилство, а обдукцијата треба да ја утврди причината на смртта.
Во Виена прво кружеа противречни наводи за смртта на Ганем. Роднините на еден новинар му изјавиле дека тој починал дома од срцев удар.
По востанието во Либија, во мај 2011-та година Ганем ги прекина врските со Гадафи. Тој од 2003-та до 2006-та година беше премиер, потоа и министер за нафта, зашто до 2011-та го водеше нафтеното државно претпријатие. Ганем во последно време живеел во Виена.