Либиската армија се повлекува од Мисрата
23 април 2011Реклама
Борбена зона Мисрата. Големи делови од градот се уништени, на улиците има градежен шут и тела на загинати. Во градот се водат очајни борби веќе два месеца. Сега блокадата би требало да биде завршена.
„Ситуцијата во Мисрата ќе се олабави. Им оставаме на племињата околу Мисрата и на граѓаните во градот да се справат со ситуацијата“, изјави либискиот заменик министер за надворешни работи Калед Каим.
Либиската армија наводно веќе се повлекла од Мисрата. Тоа е последниот голем град на западот на Либија кој се` уште е во раце на бунтовниците, кои денеска тврдат дека градот е слободен: „Нема да се откажеме, ќе победиме или ќе умреме“, велат тие.
Автор: Моника Грибелер / Елизабета Милошевска Фиданоска
Редактор: Трајче Тосев