Либан – екстремисти
3 септември 2007Реклама
Премиерот на Либан Фуад Синиора оцени дека завземањето на бегалскиот камп Нар ал Баред е голема победа над тероризмот. Вчера во завршницата на повеќемесечната опсада на кампот беа убиени 30-тина екстремисти од организацијата „Фатах ал ислам„. Меѓу нив според информациите на либанската армија се наоѓа и водачот на групата Шакер ал Абси. Радикалните исламисти се забарикадираа во кампот на 20-ти мај и од таму вршеа напади врз позициите на либанската армија.
Премиерот Синиора во телевизиското обраќање најави дека ќе го обнови кампот, во кој пред судирите претежно престојуваа палестински бегалци.